Cooпштение

01 август 2022

Вработените во Министерството за надворешни работи со големо жалење ја примија веста за смртта на Илинка Митрева,  поранешна министерка за надворешни работи.

Митрева остави голем печат врз работењето на Министерството. Ќе остане запаметена по својата посветеност и бескомпромисност во остварувањето на надворешно-политичките приоритети, заштитата и промовирањето на интересите на државата. За време на нејзиниот мандат, посебно место зазема добивањето на кандидатски​от статус за членство во Европската унија.  Митрева, која беше иницијатор и за донесување на првиот Закон за надворешни работи,  постави високи стандарди во во секојдневното работење, давајќи личен пример со својот безрезервен ангажман, за што беше ценета и уважувана од вработените.  

 

Министерството изразува најискрено сочувство до нејзиното семејство