Министерството за надворешни работи во насока на унапредување на процесот на давање на конзуларни услуги и грижа за дијаспората во континуитет спроведува проекти што имаат за цел подобрување на работата на министертвото.
Во таа насока, веќе од денеска на веб страната на МНР е поставен прашалник „Колку сте задоволни од конзуларните услуги?“, преку кој ќе можете да ги споделите вашите размислувања за услугите во дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија во странство.
Исто така, во фукција е ставен и телефонскиот број преку кој, користејќи ги современите апликации, WhatsАpp и Viber ќе можете директно да се обратите до министерството за надворешни работи и да ги пренесете вашите загрижености и потреби. На овој начин, преку овие алатки, капацитетите на министерството имаат намера да ја унапредат комуникацијата на дијаспората со државата и да се зголемат можностите за подобрување на достапноста на услугите кои ги користат овие наши граѓани во странство.
Прашалникот „Колку сте задоволни од конзуларните услуги?“, можете да го најдете на следниот линк.
Телефонскиот број: +389 75 268 734 (WhatsАpp, Viber)