Серџим Мухамед е Вонреден и ополномоштен Амбасадор на Република Северна Македонија во Кралството Норвешка од 20.08.2018г.
ПРОФЕСИОНАЛЕН АНГАЖМАН
Амбасадорот Серџим Мухамед е дипломат од кариера, кој претходно службуваше и во Амбасадата во Вашингтон, во периодот од 2011-2014г., во дипломатско звање Советник.
Кариерата како државен службеник ја започнува во Министерството за одбрана во 2003г. каде работи на задачи во Секторот за меѓународна соработка и Секторот за политика и планирање. Во 2005 година престојува во Брисел каде ја започнува работата на одбранбената секција при Мисијата при НАТО.
Во почетокот на 2009г, премина во МНР каде работеше во подготовката на стратегиските документи на Министерството. Во 2010 година положи советнички испит и се здоби со дипломатско звање советник.
За време на професионалната кариера учествувал во многу делегации на нашата државата во состаноците НАТО, и многу други билатерални посети по разни основи. Исто така бил и Шеф на Делегација на пленарните состаноци на Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот (ИХРА), одржани во рамките на унгарското претседателство со ИХРА во Дебрецин –Унгарија.
Пред да стане државен службеник работеше во разни должности во меѓународните организации како ООН - Светска здравствена организација, НАТО штаб во Скопје, IFES- (Меѓународна фондација за изборни системи) Скопје, HLSP консалтинг и Atlas Logistique.
Амбасадорот Серџим Мухамед роден е во Скопје на 18.08.1970г., основното и средното образование го завршува во Скопје, а дипломира Ориенталистика во јануари 1996г., при Филолошки факултет на Универзитет во Приштина. За време на професионалната надградба во кариерата посетува повеќе обуки и курсеви како тој во Маршаловиот центар во Гармиш Партенкирхен во Германија и Универзитетот Кренфилд во Обединетото Кралство. Активно корист 6 јазици (македонски, албански, турски, англиски, босански/српски и арапски). Тој е оженет и има три деца.